Зошто хирурзите носат баш зелени (или сини) мантили

Зелени, сини, ама никогаш бели мантили. Сте се запрашале зошто?

Причината е прилично фасцинантна, иако многу едноставна. Сепак, од бојата на мантилите на хирурзите може да зависи дури и успехот на една операција.

Едно време, многу одамна, целиот медицински персонал носел бели мантили, во секоја прилика, па и на операциите. Така било сè до 1914 година, кога еден од најзначајните светски доктори во тоа време одлучи за време на операција да носи зелена униформа. Имено, проблемот е тоа што премногу бела боја може да предизвика моментално слепило кај хирурзите, особено после долго гледање во темно-црвената боја на крвата или мускулите. И самите сте го искусиле тој ефект: на пример, кога излегувате од тунел на светло, или кога зимно време, по престој во темна просторија ќе излезете на снег.

А зошто баш зелени и сини? Зошто не виолетови или жолти мантили?

Пак е одговорот едноставен. Сината и зелената боја се на спротивната страна на спектарот од црвената, бојата  што хирурзите најчесто ја гледаат. Сините и зелените униформи им овозможуваат да ги одморат очите, ама и доведуваат до подобар вид – очите стануваат почувствителни на различните нијанси на црвената боја, што е супер-корисно за разликување на деталите на внатрешната човечка анатомија. Со тоа и значително се намалува можноста за грешка при оперативниот зафат.

PS. Баш нè интересира дали хирурзите го знаат ова. Можете да ни пишете во коментари на нашата Фејсбук страна.

- Реклама -