3 нешта што бебињата ги учат додека се во утробата

СПОДЕЛЕТЕ

Научниците открија дека луѓето учат одредени нешта уште пред да се родат, а тоа со себе носи и одредени импликации.

1. Вкусови 

Професорот Питер Хепер од Queen’s University во Белфаст, се запрашал дали може да ти се допаѓа одредена храна уште додека си во утробата на мајката. Спровел студија врз група мајки, кои имале задача да сечат или да јадат лук. Резултатите биле мошне интересни, бидејќи децата на мајките од групата што јадела лук уживале во јадењата подготвени со лук дури и на возраст од 8-9 години.

Истото се покажало и со сок од моркови: На 5/6-месечните бебиња чии мајки пиеле сок додека биле бремени, исто така им се допаѓал сокот од моркови.

Хепер смета дека тоа е и еден од начините на кои новородените деца ги препознаваат нивните родители: преку доживување на истите вкусови додека се во утробата.

2. Звуци 

Група научници од Финска направиле експеримент во кој две групи бремени жени или секојдневно слушале приспивни песни за деца, или воопшто не слушале. Резултатот покажал дека бебињата од првата група исто така реагирале на песните, додека бебињата од втората група биле рамнодушни.

Така, научниците дошле до заклучок дека бебињата чии мајки слушале приспивни песни, ги научиле истите додека биле во утробата.

3. Препознавање на говор 

Атена Вулуманос – психолог од Универзитетот во Њујорк, ги споредувала бебешките реакции на човечки говор и звуци, и заклучила дека бебињата реагираат на говор. Тие покажувале уште поголем интерес кога се работело за нивниот мајчин јазик.

Ова истражување им помогна на научниците да востановат важен концепт: добрата акустична околина е неопходна за неродените и прерано родените бебиња. Во спротивно, ако не слушаат доволно зборување, тие можат да пројават тенденција да имаат нарушувања во говорот.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ