Кончита: Никогаш не ни сакав да бидам жена

СПОДЕЛЕТЕ

Австриецот Том Нојвирт, познат како жената со брада што победи на Евровизија во 2014-та година, објави дека има намера да престане да биде Кончита. 

„Со брадестата жена освоив сè од Евровизија навака. Веќе не ми е потребна!“, рече Нојвирт во интервју за германскиот весник „Velt am Zontag“. „Наскоро ќе имам 30 години, и пред себе си поставувам многу прашања…“. Згора на сè, додаде и дека никогаш не ни сакал да биде жена.

Тука неизбежно се поставуваат низа прашања, не околу мотивот на Нојвирт – тој е јасен: слава по секоја цена; туку зошто тогаш беше неопходно медиумите да кренат толку фама околу „лагата“ наречена Кончита, фама која продолжи и многу после Евровизија. Агенда за бришење на границите меѓу половите, можеби? Поигрување со умовите и редефинирање на нормалното? Одговорот барајте го сами.

Во меѓувреме, Нојвирт најави дека сака промена во кариерата, и дека е во потрага по нешто ново. Којзнае, можеби сега ќе си стави импланти.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ