Од стари Тојоти склопувале лажни Ферари-ја и ги продавале на интернет

Во гаража во Џирона, на северот на Шпанија, произведени се непознат број лажни Ферари-ја, и Ламборџини-ја, а како основа се користеле шасии од моделот Тојота MR2. Користени се и делови од половни Форд-ови (Kuga) и Пежо-а (406).  Снаодливите измамници потоа ги продавале копиите на интернет, и тоа по сомнително ниски цени.

Дека се работи за илегален бизнис, полицијата насетила откако измамниците огласиле Ферари по цена од околу 35.000 фунти. При увидот се најдени 14 автомобили во фаза на изработка, и четири лажни автомобили спремни за продажба.

Во асортиманот имало и модели како што се Ферари F355S, 348, 360 и F430, погонувани од дволитарски бензински мотори.

Процесот на производство подразбирал и изработка на каросериски делови од пластика, печатени подлоги за мерните инструменти со лого на Ферари, како и изработка на лажни ознаки на моделот. Сите автомобили имале лажни регистарски таблички.

Засега се уапсени тројца, а полицијата се сомнева дека во измамата се вклучени повеќе лица.

- Реклама -