Индија ќе ги преименува сите постоечки аеродроми

СПОДЕЛЕТЕ

Индија почнува да жали што на сите свои аеродроми им има дадено имиња на историски личности. 

Во Индија ништо не е едноставно, па ни нештата што ги земаме здраво за готово. На пример, кога ќе се најдете во земјата и ќе треба да ги изговорите имињата на меѓународните аеродроми, ќе треба да кршите јазик со имиња како Чатрапати Шиваџи, Раџив Ганди или Нетаџи Субхас Чандра Босе. Освен ако не сте добро запознаени со регионот, најверојатно тоа ќе ви претставува голем проблем, а ако треба да ги најдете аеродромите на карта – уште поголем.

Личностите по кои се „крстени“ аеродромите се многу важни за индиската историја, но се тотално збунувачки за странците и туристите. Според The ​​Indian Express, токму затоа владата размислува да ги преименува сите постоечки аеродроми. За таа цел ќе бидат избрани имиња кои зависат главно од нивната географска локација.

Што се однесува до постоечките имиња на аеродромите, нема да бидат целосно избришани. Нив ќе ги носат различните аеродромски терминали.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ