Ги убила сите што ѝ предложиле да се премажи

СПОДЕЛЕТЕ

Во древна Русија, принцот Игор и принцезата Олга биле пример за моќен пар. Игор го викале „Мудриот“ и бил син на Рјурик – основачот на Русија. А Олга, низ целото царство била позната како „убавицата Олга“.

Покорил многу големи племиња, а преземал и два похода против Бизант, во 941 и 944 година, а го опседнал и Цариград. Неуспехот во војните со Бизант го окончал со трговски договор во 944 година. Во негово време е и забрзан процесот на феудализација во Киевска Русија, но подоцна уследиле и многу побуни заради високите даноци. Во пресметката со побунетите, во 945 година, Игор е заробен и убиен.

Олга била скршена. Нејзината тага била толку голема што кога и некој да и’ предложел одново да се омажи, завршувал мртов.

Понуди за брак 

Олга не била баш сама. Од Игор и’ останал тригодишниот син Свјатослав. Додека крвта на Игор им била свежа на рацете, Древјаните (племето што го убило) и’ испратиле писмо на Олга. Во него објаснувале дека Игор бил „како волк што уништува сè пред себе“, но дека ја сметаат неа за добра, и дека е најдобро да се омажи за нивниот принц Мал. Обидот да си играат Купидон бил со цел така да стекнат контрола над целото кралство.

Но, Олга имала други планови за сите форми на понудувачи на брак. Им одговорила дека нивната брачна понуда е токму тоа што го сакала. Им рекла дека сака да им искаже почит пред целиот народ на Киев, и предложила сите да ги превезе во еден брод, за луѓето да ги видат и поздрават. А кога дошол моментот, нејзините луѓе го заринкале целиот брод во специјално ископан ров, и живи ги закопале сите Древјани на него.

Ама осветата само што започнала. По „инцидентот“ со бродот, Олга им испратила нова порака на Древјаните. „Ако навистина го сакате моето присуство, испратете ми ги своите најугледни мажи да ми бидат поворка, за да дојдам до вашиот принц со достојна чест“. По добивањето на пораката, наивните Древјани го направиле токму тоа што било побарано. Кога мажите стигнале во Киев, Олга ги дочекала со љубезна насмевка, и им понудила уживање во термалните бањи (така бил обичајот). Мажите ја прифатиле нејзината понуда, но кога влегле, таа им наредила на своите да ги заклучат вратите, а потоа го запалила целиот објект.

И по овој „инцидент“, повторно ги исконтактирала Древјаните, барајќи од нив големи количини ракија од мед, наводно за да подготви голема помен-забава во чест на нејзиниот сопруг, со што Древјаните би се извиниле за неговата смрт. Древјаните, пак наивни, послушале. На забавата Олга се однесувала нормално и гостољубиво, а гостите брзо се опуштиле. На гозбата по забавата, кога сите биле напиени, Олга им наредила на своите војници да ги заколат сите древјански гости.

Во својот последен чин на освета против Древјаните, таа им побарала данок во форма на птици. Древјаните послушале, па ги собрале сите птици и и` ги подариле на Олга. На нозете на секоја од птиците, таа им врзала парче ткаенина натопено во сулфур. Знаејќи дека птиците ќе одлетаат кај своите сопственици во градот ако ги пушти, запалила факли насекаде околу нив. Сулфурот, факлите и ткаенините предизвикале пожар во кој изгорел целиот град.

Со други зборови, до „женска одмазда“, во енциклопедиите веројатно стои сликата на Олга.

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ