Фазите на промена на пол – фото тајмлајн

СПОДЕЛЕТЕ

Едно анонимно типче… овај… го сподели својот фото дневник од неговата транзиција од маж кон жена. Се разбира, процесот е остварлив само преку хормонска терапија наречена Hormone replacement therapy (HRT) (линк ако сакате подетално), и тоа во период од најмалку една година. Горнава фотографија е споредба меѓу тоа каков некогаш бил, и каков е денес, на неговата „hormoniversary“ – годишнина од почетокот на примање на терапијата.

^ Овде е фотографиран на 16, 12 и 6 месеци пред почетокот на третманот со HRT.

^ Ова е по 3 месеци од почетокот на HRT. Вели дека нема фотографии од меѓувреме затоа што избегнувал да се фотографира, затоа што сметал дека не е во ред да прави селфи пред оваа фаза. Овде веќе има повеќе коса, што се должи на 9-месечно користење на minoxidil и 6-месечно користење на Finasteride.

^ 4 месеци HRT. Веќе престанува да ги крие градите (во зачеток)

По 5 месеци од почетокот на терапијата.
Прв пат излегува во јавност во своето ново „женско“ руво.

^ За прв пат е „Full time“ женско. Прв пат оди така на работа. На фотографијата десно е една недела откако им признал/а на колегите дека е транс.

7 месеци HRT.
8 месеци HRT.
30-ти роденден

^ Почнува да се чувствува потполно океј околу тоа што е транс, и веќе не крие. Месец дена порано им соопштува на семејството и пријателите.

^ 10 месеци од почетокот на третманот со хормонална терапија.

Веќе и официјално поседува 50 пара (женски) чевли.
По 12 месеци хормонална терапија.
Исто така по 12 месеци HRT.

Вели дека претходно бил многу болен и несреќен, заради сето тоа потиснување кое си го наметнувал. Сега е обратно. Промената на полот му донела радост и исполнетост каква што не ни очекувал.

PS.: Да се разбереме, немаме намера ниту да оправдуваме/промовираме, ниту да осудуваме. Целта на постот е чисто да си имате увид.

- Реклама -