Нови технологии: Автомобилски прозори што се отвараат на допир

Можеби едно време Ssangjong важеше за производител способен само за најгрдите автомобили на светот, но се чини тоа е минато што ќе биде брзо заборавено пред налетот на иновации од оваа компанија.

Една од нив е и „тач-прозор“ системот за отварање на бочните прозорци на автомобилот, секако, со допир. Со тоа ќе се елиминираат разните прекинувачи кои сега воглавно стојат во вратите и им прават проблеми на конструкторите.

Ssangjong, денес во сопственост на индискиот гигант Mahindra, планира технологијата да ја претстави кон крајот на годинава, веројатно на некое од концептните возила, кое ќе биде уште едно во низата во последните неколку години.

- Реклама -