Home Букаке Забава Несекојдневни отпади

Несекојдневни отпади

0
Несекојдневни отпади

Сé што веќе не го користиме и не е интересно, завршува на отпад. А кога имаш многу примероци од тој застарен предмет? И тогаш. 

Отпад за англиски телефонски говорници

Еден од препознатливите симболи на Велика Британија се и црвените телефонски говорници. Но денес, кога сите имаат мобилни, телефонските кабини тонат во заборав. А каде одат? Во Merstam, каде што постои отпад во кој се наоѓаат околу 70.000 телефонски говорници. Во склоп на отпадот има и реставраторска работилница, која ги обновува и потоа ги продава, најмногу како декоративни елементи. Можете да си купите говорница за 1000-2000 фунти.

Воен отпад за хеликоптери, тенкови и други воени возила во Украина

Воедно е и споменик за несреќата која ја снајде Украина во 1980-тите. Токму овие возила се тие кои учествуваа во расчистувањето на нуклеарниот ризик и отпад по катастрофата во Чернобил.

Отпад за рикши во Бангладеш

Во Бангладеш живеат околу 156 милиона луѓе, а најчест вид на транспорт се рикшите („пајтон“ што го влече човек, или во поново време, кабина на моторче, за тие што не знаат). Меѓутоа, кога рикшите ќе застарат, или кога ќе ги заплени полицијата, како и сé друго, завршуваат на отпад.

Отпад за претседателски глави

На една фарма во Вирџинија во САД, обраснати во коров, се наоѓаат речиси 40 гигантски глави, тешки и по 3 и кусур тона. Направени се од еден скулптор, за потребите на „Претседателскиот парк“ (музеј на отворено) во Вилијамсбург. Паркот беше отворен во 2004 година, а неколку години подоцна го затворија заради мала посетеност. На фармерите им се допаднаа бистите, па решија да ги задржат на свој имот.

Замислете ноќе да возите покрај „отпадов“…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here