Судска одлука: Сајт за запознавање смее да промовира неверство

Судот во Франција вчера ја одби жалбата на едно здружение на римокатолички семејства, кои се побунија против моделот на работење на вебсајтот Gleeden.

Во жалбата се тврди дека моделот на работење на Gleeden – сајт за запознавање на луѓе кои се во брак, е анти-општествен и незаконит, бидејќи промовира неверство.

Перфектна реклама на Gleeden: Невеста што лаже и гризнато „забранетото јаболко“.

Парискиот суд пресуди дека промовирањето на неверство во рекламите не е незаконско, бидејќи прељубата не претставува кривично дело во Франција.

Gleeden, пак, се повика на правото на слобода на говорот, и наведе дека единствено сопружниците се тие што имаат задача да се придржуваат на обврската за верност.

Од Gleeden не објаснија, меѓутоа, ниту пак некој го побара тоа од нив, како тоа сопружниците треба да останат верни, кога неверството не само што се соочува со сé помалку стигма, туку интензивно се промовира како сеприсутно, и кај и да е – нормално.

Чуден еден свет, овој нашиов.

- Реклама -