Како се ширеше радијацијата од Чернобил низ Европа (анимиран приказ)

По неколку дена криење од светот, Советскиот Сојуз беше приморан да ја признае катастрофата од Чернобил, откако во нуклеарната централа Форсмарк во Шведска, на повеќе од 1600 километри оддалеченост, при влегувањето на еден инженер во централата, се активираа детекторите за радијација. Ова очигледно беше изненадување, бидејќи ова смее да се случи само кога работниците си одат од централата.

По подетална инспекција, се покажа дека радиоактивната контаминација е лоцирана на чевлите на инженерот, што значи дека ја „собрал“ некаде попат кон работа. Шведските метеоролози веднаш почнаа да ги проучуваат шемите на дување на ветрот од претходните неколку дена, со цел да го најдат избворот на контаминацијата. Заклучија дека единственото место од каде што би можела радијацијата да дојде е Украина. Наодот за локацијата на изворот го поднесоа и до шведската влада, која пак испрати интернационално соопштение. Ова го присили СССР да го признае настанот, а катастрофата стана непореклив факт.

Од едиторијал на CNN, 1996 година

Еве како се ширеше радијацијата:

Гифов е фантастичниот документарец од 2010 година – Into Eternity. Го истражува „Онкало“ – складот за нуклеарен отпад што моментално се гради во карпите на северна Финска, а кој е дизајниран да го чува нуклеарниот отпад во следните 100.000 години. Во документарецот се разгледуваат филозофските прашања и сите проблеми кои произлегуваат при дизајнирањето на нешто што би требало да ги пренесе неговите опасности до интелигентните живи суштества кои ќе живеат на планетава по 100.000 години, кои и да се. Дали и тие ќе го третираат складот на ист начин како што ние ги третираме археолошките наоѓалишта? Дали ќе стигне предупредувањето до нив? Освен што е одличен документарец, ќе уживате и во неговата прекрасна кинематографија.

- Реклама -