ВИДЕО: На судење за казна за паркирање

Една жена од Провиденс, Роуд Ајленд, одговара пред суд зашто паркирала на извесен паркинг во периодот од 8 до 10 часот, период во кој паркирањето било забрането. „Спорното“ во казната за паркирање е што женава паркирала во 9 часот и 58 минути.

Ете, помалку од две минути, а таа морала да пропушти ден на работа, да тепа пат до судот, да чека пред судницата за да ѝ дојде редот и да ја викнат, па уште и да мора да се вади на часовникот во автомобилот кој покажувал точно 10 часот… Ситуација што во целост го доловува понекогаш огромниот апсурд на правниот систем.

Добро што во случајов сценариото не го пишуваше Кафка, зашто судијата веднаш увиде колку е глупа ситуацијата, и заедно со инспекторот удри на заебанција. Женава ќе се помочаше од смеење, му тргна уште од сам старт:

„Претпоставувам дека казнава е пишана во 9:59…“

- Реклама -