Нееднаквоста за која знаеше дури и Платон, снимена со дрон

Papwa Sewgolum Golf Course, Durban, South Africa

Во 380-тата година пред нашата ера, во четвртата книга од „Држава“, Платон напиша: „Секој град, колку и да е мал, е всушност поделен на два – едниот е град на сиромашните, другиот на богатите“.

Повеќе од два милениума подоцна измисливме дронови, и сега имаме фотографи како Џони Милер, кој тој заклучок на Платон го прикажува преку фотографии.

Неговата серија Unequal Scenes („Нееднакви сцени“) почна во Кејптаун, Јужна Африка, каде во урбаниот микс сé уште се познаваат лузните од апартхејдот. Летајќи дрон врз Кејптаун, на негово изненадување, Милер открива изразит констраст меѓу затворените приватни населби со голф терени, и сиромашните населби со мали густо населени куќички со стари ѕидови и лимени покриви, наредени покрај локалните неасфалтирани патишта.

Masiphumelele and Lake Michelle, Cape Town

Апартхејдот заврши во 1994 година, но пред тоа да се случи, сегрегацијата беше спроведувана ем легално, ем архитектонски. Две декади подоцна, гледајќи од птичја перспектива, Милер уште може да препознае каде се наоѓале „тампон зоните“.

Во Кејптаун проблемот е лесно воочлив, па Милер ја прошири неговата Unequal Scenes и во други градови и земји. Меѓу нив Јоханесбург, Најроби и Мексико Сити. Очигледно, „нееднакви сцени“ постојат и денес, исто колку и во времето на Платон.

Santa Fe, Mexico City

Нелсон Мендела еднаш рече: „Сé додека сиромаштијата, неправдата и вулгарната нееднаквост постојат во нашиов свет, никој од нас не може вистински да биде мирен“.

Hout Bay and Imizamo Yethu, Cape Town
Ixtapalapa neighborhood, Mexico City
Kya Sands, Johannesburg
Loresho, Nairobi
Loresho, Nairobi
Vusimuzi and Mooifontein Cemetery, Johannesburg
Прочитајте и:  (Како) Богатите се подготвуваат за апокалиптични сценарија