Докторката што одбива да лечи невакцинирани деца

СПОДЕЛЕТЕ

Една докторка-педијатар од Ленарт, Словенија, побара од Лекарската комора на земјата да ѝ одобри „приговор на совеста“, што би ѝ дало право да одбива да ги лечи децата чии родители не сакаат да дозволат нивно вакцинирање.

Бројот на невакцинирани деца во Словенија константно се зголемува, а според последните податоци, моментално незаштитени од заразните болести се околу 5% од децата.

„Совеста и стручното знаење не ми допуштаат и понатаму да бидам одговорна за лечење на децата чии родители не дозволуваат за нив да се грижам според медицинската доктрина и закони“, вели Бернарда Вогрин.

Таа истакнува дека освен во итни случаи, во иднина нема да лечи невакцинирани деца, а на нивните родители ќе им препорачува да изберат друг доктор.

Вогрин објаснува дека има етичко-морален проблем да го фактот дека децата што ги лечи се под постојан ризик од разни болести, инвалидитет, па и смрт. И не е сама. Еден куп педијатри се солидаризираа со неа, потсетувајќи и на сето тоа изгубено време кое доаѓа во пакет со родителите кои не сакаат да ги вакцинираат децата – во најмала рака, треба да потпишат разни формулари со кои се согласуваат дека одговорноста ја преземаат на себе. Од друга страна, во склад со законот, докторите мораат детално да им ги објаснат сите ризици на таквата одлука.

- Реклама -