Производител на телевизори ги шпиунирал корисниците

СПОДЕЛЕТЕ

А вие мислевте само телефонот ви го прислушкуваат…

Производителот на телевизори Vizio ja прифати судската спогодба според која треба да плати отштета од 2.2 милиони долари, како резултат на незаконското собирање податоци за навиките на гледачите.

Американската Федерална комисија за трговија соопшти дека паметните телевизори на оваа компанија собирале податоци за тоа кои програми се гледаат, податоци кои потоа ги праќале на серверите на производителот. Тие податоци подоцна им се продавани на трети странки, наведува Комисијата.

Vizio соопшти дека собраните податоци не можат да бидат поврзани со поединците, со нивните имиња или со податоците за контакт. Тврдат дека собирале „само“ општи општо информации за гледаноста и однесувањето на гледачите. Според Комисијата, со таквата пракса почнале во февруари 2014 година, а опфатени биле околу 11 милиони ТВ апарати.

Покрај износот што ќе треба да го плати, компанијата се согласи во иднина да ги предупредува корисниците и видно да ги извести за собирањето и чувањето на податоци, и тоа со нивна согласност. Што се однесува до досега собраните податоци, Vizio ќе мора да ги избрише.

Смарт телевизорите имаат дополнителни опцции, како прикажување на содржини на барање на гледачите или видео-разговори, кои им овозможуваат (кога би сакале) да собираат секакви информации за корисникот. Во 2015 година, на пример, се покажа дека моделите на Samsung собирале потенцијално чувствителни звучни информации, без знаење на корисниците.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ