Мисијата на собирање на вселенски отпад – неуспешна

Во декември, Јапонија во вселената прати летало за снабдување на Меѓународната вселенска станица, кое меѓу другото понесе и нов уред за собирање на вселенски отпад.

Тоа беше еден вид „маша“, „фаќалка“, за собирање на делови од сателити или ракети во Земјината орбита, направена од научниците од јапонската агенција за истражување на вселената JAKSA. Отпадот требаше да биде оттурнат подалеку во атмосферата, каде би изгорел.

„Уредот не се активираше“, рече Коичи Инуе – еден од одговорните за проектот.

Уредот се состои од електродинамички кабел и мрежа во чија изработка беше консултирана и компанија специјализирана за риболов. Експерименталната верзија на кабелот е долга 700 метри, а во план се и многу подолги, од 5 до 10 километри.

- Реклама -