10 популарни клишеа за Кина кои не се вистинити

Авантуристката и инструкторка по кунг-фу – Марија Пипенко, за Bright Side објави список со најпопуларните клишеа кои ни текнуваат кога мислиме на Кина. Со тоа Пипенко се залага за да ги разбереме другите култури, пред да ги судиме.

Кинезите немаат манири

Не, туку тоа е само нашата гледна точка. Добро воспитаниот Кинез има манири кои често ги немаат луѓето од западот. Да го издувате носот во шамивче или да дозволите пријателот да ви ја плати вечерата се сметаат за многу безобразни постапки, но учтивите Кинези тоа нема ни да ви го споменат, за да не ве засрамат. Со други зборови, тие секогаш мислат прво на другите.

Кинезите јадат мачки и кучиња

Пипенко не би ни се мачела да полемизира на темата со луѓе кои сметаат дека јадењето на телешко или свинско месо е некако подобро. Таа цитира еден нејзин кинески ученик: „Како можам да јадам кучиња? Тие се наши пријатели?“. Неспорно, во Кина понекогаш јадат кучиња, но бројот на таквите Кинези е исклучително мал.

Не можете да разликувате меѓу двајца Кинези 

Се разбира дека можете. Малезиските и сингапурските Кинези се разликуваат како што се разлкуваат и жителите на северните и јужните области на континентална Кина. Сè е до тоа да се навикнете на средината, и наскоро ќе забележите дека има голем диверзитет во лицата.

Сите Кинези се ниски 

Нискиот раст на Кинезите најмногу е поврзан со нивната исхрана, но во последните 20 години тие ја подобрија исхраната, живеат во сè поголема благосостојба, па со тоа и пораснаа.

Кинеската роба е неквалитетна 

Се разбира, многу од евтините кинески производи се со низок квалитет, но ако ги погледнете етикетите и на купот познати и квалитетни брендови, ќе видите натпис со „Произведено во Кина“. Квалитетот го диктира страната што порачува, а не производителот.

Кина е евтина држава 

Има голема разлика во цените меѓу големите градови и провинциите. Можете да изнајмите голем апартман за 200 делари во Централна Кина, но ќе имате проблем да најдете мало живеалиште за 500 долари во Шангај. Единственото поевтино нешто во споредба со западот е храната.

Кинезите јадат само ориз 

А всушност, кинеската кујна е една од најразнообразните во светот (не затоа што јадат кучиња). Дури и изборот на зеленчук во Кина е поголем отколку во Европа, а да не зборуваме за начините на готвење или асортиманот на зачини. Кинеската кујна е бескрајна листа од варијанти, во зависност од сезоната и регионот.

Строги казни за криминал со дрога 

За разлика од другите наведени точки, оваа е вистинита. Многу од странците се бесни заради престрогите казни околу дрогата – казните варираат од долги затворски казни, па до смртни пресуди. Но не се работи за некаков хир, туку за реална потреба. На почетокот на 20-от век, околу третина од популацијата на Кина беше зависна од опиум, па не е изненадување што кинеската влада направи сè за да спречи тоа да се случи повторно.

Сите Кинези се кунг-фу мајстори 

Да, колку што сите Американци сакаат хамбургери. Кунг-фу-то навистина е дел од кинеската култура – ниту еден филм или ТВ серија не минува без кунг-фу тепачки. Да, бројот на фановите на оваа боречка вештина е многу поголем отколку на Запад, но повеќето од Кинезите се на доста ниско ниво. Нешто слично како што има кошаркари аматери.

Едно дете по семејство 

„Дури и не ги ни прашував пријателите дали имаат браќа или сестри, бидејќи уште веднаш востановив дека имаат, и тоа не само еден/една“, вели Пипенко. Правилото за едно дете важи за големите градови. Во провинциите родителите едноставно плаќаат глоба кога го регистрираат второто или третото. Многумина дури и ги оставаат своите деца нерегистрирани – тоа не ги загрижува нешто посебно. Башка, од 1 јануари 2016 година, Кинезите имаат право на две деца.

- Реклама -