Seat ја претстави петтата генерација на Ibiza

Шпанската марка Seat официјално ја претстави новата, петта генерација на субкомпактниот хечбек- Ibiza. Автомобилот доби дизајн во стилот на Leon, како и на првиот кросовер на брендот Ateca, но ги задржа димензиите на својот претходник.

Должината на новата Ibiza е за 2 mm помала од досега, но пак растојанието помеѓу двете оски се зголеми за 95 mm и веќе достигнува 2.564 mm. Ова е постигнато со помош на новата платформа MQB A0, на која ќе биде изградено и следното покоение на Volkswagen Polo. Крајниот резултат се повеќе спортски пропорции, подобрена отпорност и управливост, како и повеќе внатрешен простор. Седиштата во возилото се со 42 mm пошироки, зголемено е и местото над главите на патниците – напред за 24 mm, позади za 17 mm. Поголем е и багажникот, кој наместо претходните 292, веќе вклопува 355 литри.

Основната верзија на моделот доби 1.0-литарски турбомотор со 3 цилиндри, кој развива 95 КС. Истиот агрегат доаѓа во изведба и со 115 КС, како и со 90 КС, при што освен на бензин може да работи и на природен гас. Најмоќната бензинска верзија ќе биде опремена со 1.5-литарски TSI, а таа ќе се појави на пазарот кон на крајот на годината. Кај неа моќноста на агрегатот ќе биде 150 КС. Палетата од дизели се состои од 3 варијанти на 1.6-литарскиот TDI со моќност 80, 95 и 110 КС Менувачите се со пет и шест брзини мануелни и 7-степен роботизиран DSG. Новиот Seat Ibiza ќе се нуди само со пет врати, а се предвидуваат четири нивоа на опременост – Reference, Style, FR, и XCelence. Најспортската варијанта RF ќе се разликува по агресивниот дизајн и спортски поставки на суспензијата. Топ-верзијата XCelence за возврат ќе биде со мека суспензија. Во системите за безбедност на автомобилот се вклучени функција да се спречување челен удар, адаптивен круз-контрол, асист-систем за движење во метеж…

- Реклама -