Зошто во Израел нема суша, а во САД има?

Пред 10 години, Израел мака мачеше со сушата. Денес има вишок на вода. Тоа е така затоа што израелските лидери се свртеа кон најголемата залиха на вода на Земјата – океанот. Израел ja изгради најголемата, како и уште неколку од најголемите фабрики за десалинација (добивање на свежа вода од солена, преку отстранување на солта) во светот. Денес, 30% од водата на Израел доаѓа од океанот.

Израел

Во меѓувреме, САД добива помалку од 0.5% од својата вода преку десалинација на водата од океанот. Една-третина од земјата се бори со сериозна суша. Во Калифорнија, недостатокот на вода веќе некое време има статус на вонредна состојба – половина од земјоделските култури во САД се одгледуваат токму таму. Додека примерот на Израел почнаа да го следат и други земји, најголемата фабрика за десалинација во САД не може да ја снабди со вода дури ни локалната држава во која се наоѓа.

Калифорнија

Некои ќе речат, „тоа е разликата меѓу лидерите кои се грижат за доброто на граѓаните, и властите кои се грижат само за своето“.

- Реклама -