Хајлајтс од првиот меч помеѓу Надал и Федерер (Видео + бројки)

СПОДЕЛЕТЕ

Беше тоа далечната 2004, на турнирот во Мајами кога за прв пат ги одмерија силите тогаш неприкосновениот Роже Федерер и 17-годишниот (и 34-то рангираниот) Рафаел Надал. За многумина, (барем според билтенот) никој не ни помислуваше дека тој ден започнува новата тениска ера. До овој момент, Федерер се наоѓаше во супер поволна ситуација кога буквално и немаше никаква конкуренција.

Мајами Мастерс, Март 2004, 3-то коло, Федерер – Надал (3:6 3:6), гром од ведро небо за непобедливиот.

Со играта која ја покажа Надал, не нѐ доведе под знак прашалник ниту во еден миг, дека станува збор за некој среќлија на кого му се погодил денот и го повела атмосферата, па го шокирал главниот. Малиот му одржа лекција по тенис на рекетот број еден.

Од јули 2005 до август 2009 овие двајца тенисери врзаа 211 недели запечатени на првата и втората позиција што е апсолутен рекорд. Одиграа 35 меча на кои Шпанецот беше далеку поуспешен 23-12 (15 пати на земја, 17 пати на тврда подлога и 3 пати на трева). Факт е дека земјената подлога беше најсилната страна на Шпанецот, па оттука е и главната разлика во генералниот резултат во меѓусебните дуели. Надал – Федерер на земјена подлога 13:2, а интересно е дека и на тврда подлога Шпанецот води со 9:8, додека пак на трева Роже има 2:1.

Еве хајлајтс од мечот кога за прв пат овие двајца тениски гении застанаа еден наспроти друг.

- Реклама -