Знаевте ли? Постои еднонасочно непробојно стакло

СПОДЕЛЕТЕ

Мора некогаш мислата да ви поминала низ глава, барем кога сте гледале акционен филм; непробојното стакло е супер за заштита од куршуми, ама е тапа што вие не можете да возвратите ако сте внатре, нели? Па во некои филмови, претежно црнечките гангстери или тајните служби возат со непробојни стакла со капачиња, кои овие по потреба ги отвараат за да пукаат.

Но, како што вели насловот, постои и еднонасочно непробојно стакло, што нема да ја даде таа предност да се засолните уште кога ќе видите дека капакот се отвара и некој планира да пука на вас. Со денешниот развој на технологијата, не е ни чудно што имаме такво нешто (и тоа од пред неколку години). Направено е со комбинирање на два типа на пластични слоеви во едно парче непробојно стакло. Едниот од нив е од кршлив тип од акрилат, а другиот е поотпорен и помек (помекото потешко се крши) тип од поликарбонатна пластика.

Кога е соодветно инсталирано, ова еднонасочно непробојно стакло може да ги запре куршумите пред да поминат низ стаклениот штит, но кога се нема друго чаре, овозможува и куршум да го пробие внатрешниот кршлив акриличен слој, и да ги погоди напаѓачите.

Е така, да си знаете за во случај… штознам, ако планирате атентат или нешто.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ