ВИДЕО: 77 секунди здраво рапување во еден здив

Секоја недела, музичарот Mac Lethal („смртоносен“) прифаќа нов предизвик од неговите subscriber-и на YouTube. Еден од тие предизвици беше да рапува 90 секунди во еден здив.

Од друга страна, Wim Hof е авантурист способен да трча во екстремен студ и да го контролира здивот и телесната температура. Тој има развиено неверојатна техника што му овозможува да ги надмине човечките лимити. Е баш таа техника ја користи и Mac за да одржува контрола врз здивот. Пак нема да му успее, ама ќе издржи 77 секунди здраво рапување. Што и самото по себе е импресивно.

Рапувањето е од 3:20, ако случајно видеото не почне од таму автоматски

(Вим Хоф можете да го гледате ТУКА)

- Реклама -