Телата на мртвите војници на ИСИС оставени да ги јадат кучињата

На улиците на Мосул сè уште лежат мртвите тела на убиените милитанти на ИСИС. Единствени што „се грижат“ за нив, се дивите кучиња и кокошки.

„Гладни се бидејќи фармерите ги оставија кога почнаа борбите, и немаат храна“, вели еден војник. „Но тие кокошки ги јадат ИСИС, а потоа некој нив ќе ги јаде. Одвратно е. Престанав да јадам пилешко“.

Деца му се смеат на мртвото тело на милитант на ИСИС закопано под урнатините.

Кучињата, кои едно време изгледаа изгладнети и крајно диви, сега изгледаат поздрави од било кога, што некои сметаат дека најмногу се должи на тоа што ирачката влада ослободи големи области од градот.

Локалните жители велат дека телата се од тие што биле убиени во џамија која била користена од предводникот на ИСИС – Абу Бакр Ал-Багдади.

„Оставете ги кучињата нека ги јадат, не ни е гајле. Всушност, се чувствуваме прилично среќни кога гледаме кучиња како јадат терористи“, вели еден ирачки војник за MailOnline. „Тоа е нормална смрт за секој терорист кој доаѓа во Ирак – ќе биде изеден од кучиња“.

На сликата: Тела на двајца терористи загинати во воздушните напади на Мосул.

Куповите мртви тела се наводно надлежност на локалниот „совет“, а не на победничката војска. Други сметаат поинаку.

Како и да е, подеднакво брутални техники ирачката војска користи и во други области од градот. Полицискиот наредник Махмуд, на пример, гордо го покажа телото на еден тинејџер кој наводно убил полицаец.

„Го довлечкавме овде и го обесивме на бандера на неколку часа, за да можат сите да видат што ќе ти се случи ако си ИСИС“, рече тој. „Можеби звучи чудно, но го гледам како одмазда, бидејќи тоа е истото тоа што самите ИСИС им го правеа на луѓето од Мосул… Тоа што го направивме со телото е прифатливо, зашто милитантите на ИСИС кои сè уште се кријат ќе знаат дека треба да се исплашени, мислејќи дека истото може да им се случи и нив“.

Мосул е во првите борбени редови против Исламска држава. Почнувајќи од октомври 2016, битката продолжува, со тоа што многу од војниците на ИСИС наводно ги бричат брадите и се преправаат дека се цивили, само за да избегаат од ирачката армија.

- Реклама -