Од нападнатата џамија во Квебек, по нападот

Два дена по смртоносниот напад во кој загинаа 6 луѓе, џамијата Centre Culturel Islamique de Quebec ги отвори вратите за да им покаже „на сите Канаѓани“ што отприлика се случило внатре.

Чевлите на жртвите, оставени пред влезот на просторијата за молитва – како што е обичај во џамиите, сè уште стојат на инаку празната полица. Чевлите на верниците кои избегале од местото на настанот кога напаѓачот отворил оган, стојат расфрлани по подот.

„Сакаме да ги покажеме овие слики за да го запреме придонесот кон насилството, да го запреме придонесот кон исламофобијата“, рече Мохамед Лабиди – поранешен претседател на џамијата.

Во немото видео објавено во вторникот вечерта, лидерите на џамијата ги поведоа гледачите на тура низ празниот објект, во кој сè уште се видливи експлицитни остатоци од масакрот, а целата атмосфера потсетува на свежо место на настанот; крв по ѕидовите и теписите, и избушени ѕидови од куршуми.

- Реклама -