Home Букаке Кога судијата ќе ти ја затне муцката

Кога судијата ќе ти ја затне муцката

0
Кога судијата ќе ти ја затне муцката

Да си судија ти требаат многу нерви. Некој постојано ти виси на вратот и те пцуе и колне. Дали е тој некој во право, е дискутабилно. Не е дискутабилно дека и на судиите некогаш им пука филмот.

Еден кошаркарски тренер во детска лига, инспириран од темата, ја сподели следната приказна на Reddit.

„Игравме против тим кој имаше груб тренер, кој за време на целиот меч им се качуваше на глава на судиите. Еден од судиите беше младо момче, кое направи нешто за што мислам дека е најдобриот начин да се справиш со тренер или родител кој се однесува како прав серко.

Додека тренерот продолжуваше да се жали и да биде груб кон судиите заради една нивна одлука, младиот судија отиде и седна до него на неговата клупа – тренерот беше крупен господин што не беше многу по стоењето… Запрепастен, овој го погледна судијата и го праша што мисли дека прави и зошто седи на клупата.

Смирено и без да трепне, младиот судија му одговори: ‘ми се чини дека ти одовде гледаш сé и перфектно, па решив и јас да седам тука и да судам’.“

Тоа траело околу една минута. Тренерот не можел да ја поднесе неудобноста на ситуацијата, па единствено му преостанало да заќути.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here