Под Маврициус се крие непознат древен континент

СПОДЕЛЕТЕ
Циркон во вулканска карпа

Спореден со најголемиот дел од почвата на Земјата, островот Маврициус е прилично млад. Камењата на островот се стари не повеќе од 9 милиони години – само дел од староста на камењата на големите континенти, кои порекнуваат од милијарди години наназад. Островите важат за нова почва, формирана релативно скоро, како последица на драматични геолошки настани.

Но еден нов извештај, објавен во Nature Communications, идентификуваше мали парчиња од минерали, „впиени“ во инаку младите камења, кои се многу постари – 2.5 до 3 милијарди години стари. Тие цирконски кристали се индикација, велат авторите, дека под Маврициус се крие древна континентална кора, скриена под младиот остров.

Геолозите и онака претпоставуваа дека навидум младите острови може да имаат фрагменти од континентална кора скриена под нив. Во Маврициус, моделите покажаа дека кората под островот била дебела, а циркони стари стотици милиони години беа најдени на плажата.

Резултатите од истражувањето ги водат научниците кон тоа да заклучат дека под океанот под Маврициус и останатите континентални фрагменти – кои со едно име ги нарекуваат Мавриција, всушност се крие досега непознат континент. Во таков случај, тој континент веројатно формирал и дел од древниот Мадагаскар и Индија, а бил распарчен во истиот период со формирањето на Индискиот океан.

Сепак, едно мало парче од тој древен континент останало да штрчи доволно долго за да биде прекриено со млада лава и да го формира островот Маврициус. Пред околу шест милиони години, мали парчиња минерал стари милијарди години се нашле на патот на избивот на лава, и така стигнале на површината, каде ете, научниците денес ги откриваат.

Проф. Сузан Веб од универзитетот WITWATERSRAND – главен автор на извештајот, додека испитува вулканска карпа.
- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ