Подобрата медицина како алтернатива на алтернативната медицина

СПОДЕЛЕТЕ

Во април 2016-та, Дејвид и Колет Стефан – брачен пар од Алберта, се прогласени за виновни за ускратување на неопходна нега за својот син. За ова дело во САД е пропишана казна од пет години затвор. Осумнаесет-месечниот Езекиел починал од менингитис во 2012-та година.

Приказната е трагична, особено затоа што на сите им е јасно дека Дејвид и Колет си го сакаа синот. За жал, верувајќи во алтернативната медицина, од локалниот натуропат (од натуропатија – лечење со природни средства) купувале раствор од ехинацеа и со тоа го лечеле. Кога престанал да диши повикале брза помош, но бебето починало на пат кон болница. Пред судот родителите изјавиле дека мислеле дека во прашање е грип, но се покажа дека нивната пријателка медицинска сестра ги предупредила дека е можно нивното дете да има менингитис.

Многумина сметаат дека државата, докторите и индустријата на алтернативна медицина биле должни повеќе да се потрудат. Ренот и ехинацеата, на пример, не смеат да се нудат како алтернатива за конвенционалната медицина која се основа на наука. На пациентите им е потребен подобар пристап од докторите, но неопходно е и да знаат дека доктор не е исто што и натуропат.

„Се надевам дека ова ќе служи за поука по прашањето на алтернативните медицински услуги“, вели Тим Кофилд од универзитетот Алберта, кој воедно и го следеше развојот на наастаните. „Исто така се надевам и дека канадските законодавци ќе размислат околу позицијата на која ги поставуваат овие видови терапија во нашиот здравствен систем“.

Алтернативната терапија, во која спаѓаат и услугите на натуропатите, денес се мошне популарни, а јасно е и зошто: Светот пати од хроничен недостаток на доктори; семеен доктор е практично невозможно да најдете, а и тие кои се бават со такви услуги често се „во гужва“. Од другата страна се натуропатите, секогаш спремни да поседат со пациентот барем половина час и нашироко да зборуваат околу анамнезата. Овие вториве најмногу наплаќаат за „животно советување“ – едноставни совети за исхраната и физичка активност за кои докторите често немаат време.

Во многу од случаите, натуропатите сами себе си издаваат дозволи, па така и во Алберта, каде нивниот занает има примеси и на професионализам. Но јавноста треба да знае дека најголемиот дел од најпопуларните услуги од овој тип е потполно научно неоснован. Една анкета од 2011-та покажува дека луѓето се најзаинтересирани за хомеопатија, детоксикација, и хидротерапија – а сето од тоа го нудат натуропатите. „Ништо од тоа нема врска со наука“ вели Кофилд.

Детоксикацијата, на пример, е побиена многу пати, но луѓето и покрај тоа се спремни да платат за тоа.

Патот кон псевдонауката, и паралелно со тоа недостатокот од доверба во конвенционалната медицина, се прашања со кои вреди да се позанимаваме – и на медицинско, и на политичко ниво. Чекорот во вистинска насока беше истапот на тогашната министерка за здравство Роне Емброз, која во 2015-та најави прописи според кои таканаречените нозоди (хомеопатски препарат) мораат да бидат јасно обележани за да се разликуваат од вакцините. Колеџот на натуропати во Онтарио се согласи со таквата инструкција.

Но јасно е дека многу од луѓето сé уште не разбираат за што се работи кај алтернативната медицина. Минатиот ноември почна уште едно судење во Алберта, овој пат по повод на седмогодишниот Рајан Ловет, чија мајка одлучила неговата болест да ја лечи „холистички“. Медиумите наведуваат повеќе примери од вакви трагедии, и тоа уште од 60-тите години на минатиот век.

Накратко, пораката е дека алтернативната медицина не смее да биде никаква алтернатива за конвенционалната, научна. Натуропатот кој на родителите на Езекиел им продавал цветен раствор беше под истрага. Што се однесува до Дејвид и Колет Стефан, не им е изречена целосната казна. Тој беше осуден на четири месеци затвор, а таа заврши со куќен притвор.

„Ничиј примарен семеен лекар не би смеел да биде од алтернативен тип“, вели Кофилд. „Ако некоја возрасна личност сака да фрла пари на детоксикација и слични терапии, тоа е нивна работа. Од друга страна, со идеологијата не би смееле да го загрозуваме здравјето на нашите деца“.

И што е најважно, секогаш постои подобро решение. Подобра научна медицина, повеќе доктори, поголема блискост со пациентот – тоа е подобра алтернатива од алтернативната медицина.

- Реклама -