ЦИА објави колекција од вицови од советската ера

ЦИА не секогаш се бави со сериозни ствари. Доказ за тоа е објавениот доверлив документ кој содржи солидна колекција вицови од советската ера.

Со оглед на тоа дека вицовите пред сé се однесуваат на Михаил Горбачов, кој стоеше на чело на Советскиот Сојуз од 1988 до неговиот распад во 1991 година, се смета дека колекцијата е направена во периодот на перестројката, во втората половина на 1980-тите.

Зошто точно вицовиве биле вклучени во материјалот наменет за заменик-директорот на ЦИА останува непознато (ние типуваме – заради интерна забава меѓу разузнавачите).

Еве хајлајтс:

Човек влегува во продавница. Ја прашува продавачката: „Немате месо?“ Продавачката одговара: „А не, ние немаме риба. Продавницата што нема месо е преку улица“.

Работник чека во редица пред продавница за алкохол. „Е преку глава ми е веќе! Чувајте ми го редот, ќе одам да го убијам Горбачов!“. Два часа подоцна се враќа да си го заземе местото во редот. „Го уби ли?“, го прашува пријателот. „Не бе, таму редицата е уште подолга“. 

Човек вози со жена му и малото дете. Го сопира сообраќаец и го тера да дува алко-тест. „Гледаш?“, вели полицаецот, „пијан си“. Човекот протестира дека уредот мора да е расипан и го убедува сообраќаецот да ја тестира и жена му. И таа се покажува пијана. Човекот, уште повозбуден, го убедува полицаецот да го тестира и неговото дете. Кога алко-тестот покажува дека и детето е пијано, полицаецот ги крева рамениците: „Да, изгледа е расипан“, и ги пушта да продолжат по патот. Додека возат, мажот ѝ вели на жената: „Гледаш, ти реков дека нема зијан детето да испие 5 чаши водка“.

Другите тука.

- Реклама -