Кул гаџети: „Паметен“ наоѓач на вени

Има повеќе варијанти од повеќе производители, но во принцип сите работат на ист начин. Крвта важи за многу добар апсорбер на инфрацрвена светлина, а уредот „пука“ токму таква кон раката. Таа се собира во вените, и е регистрирана од камерата за скрининг на самиот уред, кој потоа ги осветлува вените со видлива светлина.

При тестирањата се покажало дека уредот 100-процентно ги подобрува шансите за погодување на вената од прв обид. Сепак, докторите кои го користеле велат дека е речиси бескорисен кога се работи за влакнеста рака. Од нив и онака се очекува да најдат вена речиси со врзани очи – визуелното има многу мала улога во нивната успешност. Од друга страна, тестирањата покажуваат и 100% поголемо задоволство кај пациентите кога се користи уредот. Околу овој аспект докторите потполно се согласуваат – наоѓачот на вени е многу кул гаџет за играње.

https://youtu.be/c0Z1XqiXQIk

 

- Реклама -