Седум децении со Ferrari

Пред неколку дена една од најголемите автомобилски марки официјално наполни 70 години. Точно седум децении со „коњчњто во скок“ и со беспрекорните италијански спортски изведби, кои несомнено оставија белег на автомобилскиот свет.

Пред сè, Ferrrai практично се појавил многу понапред од пред 70 години – првата самостојна изведба на стариот Енцо е создадена уште во 1940 под името Auto Avio Costruzioni Tipo 815. Тоа е првото Ferrari – со реден осемцилиндерски мотор, направено да се натпреварува во Гран при на Бреша, една од најпознатите трки на таа ера. Но, Енцо Ферари не можел да му даде име поради една клаузула во договорот со претходниот работодавач – Alfa Romeo. По војната, сепак ова ограничување не важи и на 14 февруари 1947 Енцо го претставува првото вистинско Ferrari – 125 S, со 1.5-литарски V12 мотор, кое било произведено во само две единици, од кои ниту една не е сочувана до денес. И двете биле расклопени за да се користат деловите во подоцнежните модели. Дури во 1987, Микелото создава една реплика во чест на 40-тиот јубилеј на компанијата, па денес можете да се види оваа обележје во музејот на компанијата.

Самиот Енцо Ферари никогаш не ги сакал своите сериски возила наменети за нормални патишта. Ги создавал, како тврдел и тој самиот, за да обезбеди средства за да  ги финансира тимовите во различни натпреварувања. „Затоа“ се родиле три четвртини од најскапите автомобили во историјата. Токму така, првите модели на Ferrari всушност биле набрзина приспособени автомобили од верзии на тркачките изданија. Но, во 1954 тоа се променило со претставувањето на 250 Europa GT. Со 3,0 V12 мотор, оваа машина го најавува стартот на Ferrari како производител на Гран туризмо (GT) автомобили. Денес сите модели од оваа серија, се сметаат за одлична инвестиција. „Најскромните“ од нив надминуваат вредност од еден милион евра на пазарот за класици, а оние „поретките“, како 250 GTO, веќе достигнуваат износи од 15, 20, па дури и 30 милиони евра. Моделот 250 е познат и по друго – благодарение на него денес ги имаме и автомобилите на Lamborghini. Феручо Ламборгини, производител на трактори од Емилија Ромања, толку се нанервирал од постојаните проблеми со спојката во своето 250, па се зарекол да ќе направи подобар автомобил и ќе му покаже на вообразениот Енцо како треба да се прават работите.

На крајот на 60-тие, сепак, бизнис моделите на Ferrari не го носеле посакуваниот профит. Развојот на новите автомобили „голтал“ повеќе средства за да се покријат зголемените барања за безбедност и за штетни гасови. Во еден момент работилницата за сериски автомобили веќе не можела да ги издржи тркачките тимови. Одлуката на Енцо било да побара партнер – не само некој со длабоки џебови, туку таков инвеститор кој би го оставил да се занимава  спокојно со трките, а би ја презел грижата за сериските модели, кои во тоа време се исцрпени со 365 GT, 365 GTB / 4 Daytona и Dino. Тогаш на сцената се појавил Fiat. Компанијата на кланот Ањели уште од 1963 поседувала мал удел од Ferrari, откако Енцо ги прекинал преговорите за продажба на компанијата на Ford. Во 1969 процентот на FIAT веќе достигна 50%, а две години подоцна Енцо се повлекол од директор во компанијата за сериски модели.

Оттогаш до денес компанијата се потпира, за основниот дел од приходите, на сериските автомобили со централно V8 поставени мотори – чие денешно олицетворение е Ferrari 488. Но, во златните страници ќе останат и други модели – како V12 550 Maranello, Berlinetta Boxer и Testarossa. Кон тоа се додава и суперавтомобил како F40, првиот сериски модел кој ја надмина границата од 200 милји на час и последниот создаден пред смртта на Енцо, како Еnzo, а и денешната хибридна LaFerrari.

Продажбата веќе немаат ништо заедничко со некогашните единечни примероци. Во 2015 компанијата пласира 7.664 возилото, а според најавите во 2016 овој рекорд ќе биде подобрен. Во Маранело има за што да слават!

- Реклама -