Вистинската големина на Африка

Покрај добропознатите проблеми како illiteracy (јазична неписменост) и innumeracy (математичка неписменост), кај луѓето постои уште една – immapancy т.е. географска неписменост.

Во едно ненајавено тестирање меѓу американските ученици, тие биле прашани да ја проценат површината и популацијата на нивната земја. Не којзнае колку изненадувачки, ама сепак прилично алармантно, повеќето ученици избрале „една до две милијарди“ за популацијата, и „најголема во светот“ – за површината. И кај европските и азиските ученици не е многу подобро; географските проценки обично промашуваат за фактор 2-3.

Географската неписменост во голема мера се должи во самата природа на моментално најупотребуваната мапа – таа на Меркатор (подетално тука и тука), која по самата своја природа е силно дисторзирана, т.е. не ги прикажува земјите и континентите во нивната реална пропорција.

Најекстремниот пример е со заблудата околу Африка. Малку кој размислува дека Африка е поголема од САД, Кина, Јапонија, Индија и цела Европа – заедно. Или дека Мадагаскар е голем колку Велика Британија. Ама така е. 

Тоа може многу лесно да се провери, преку површините на секоја од земјите и соодветно – на Африка, изразени во бројки.

- Реклама -