Живот на -50°C во најстуденото село на планетата – Ојмјакон (галерија)

Овие нашиве мразови се гола вода во споредба со најстуденото село на Земјата – Ојмјакон во Русија. Во 1924 година таму е забележана температура од -71.2°C, а просечната температура во јануари е -50°C. Со тоа, Ојмјакон е најстуденото постојано населено место на планетата.

Восхитен од таквите податоци, новозеландскиот фотограф Amos Chapple реши да помине два дена во Ојмјакон.

„Носев тенки панталони кога прв пат стапнав надвор на -47°C. Се сеќавам дека се чувствував како студот физички да ми ги зграбува нозете; другото изненадување беше дека одвреме навреме плунката ми замрзнуваше во иглички кои ми ги боцкаа усните“, раскажува фотографот за weather.com.

Сепак, вели дека најголемиот проблем го имал со фокусот на камерата и зумот на објективот, бидејќи деловите од камерата замрзнувале и станувале неподвижни.

Пазарите во Јакутск (најблискиот град) се полни со риби и месо, бидејќи таму не успеваат растителни култури.
Тоалетите обично се градат надвор, бидејќи ниските температури не дозволуваат изградба и функционалност на внатрешен водовод и одвод.
Овде ги чуваат кравите во текот на ноќта, за да не измрзнат.
Има само една продавница во Ојмјакон. Наводно има сé што е потребно.
Автомобилите се чуваат во гаражи со греење. Кога ги оставаат надвор, ги оставаат со вклучени мотори. Во спротивно нема да запалат.
Без топланата, тешко дека некој ќе сакаше да живее во Ојмјакон.

- Реклама -