Зомби генерација (вкочанети вратови)

СПОДЕЛЕТЕ

Најголемата глобална епидемија нема да излезе од некоја лабораторија во форма на некаков вештачки зомби-вирус. Денешните генерации ќе се борат со една друга – епидемијата на вкочанет врат.

Најголемата европска групација на физијатри и медицински специјалисти кои се бават со болестите на ‘рбетот – Eurospine, со седиште во Цирих, уште еднаш предупреди на негативните последици од претераното користење на смартфони. Во соопштението доставено до новинската агенција Танјуг, Eurospine наведува дека очекува вкочанетиот врат да стане глобална болест.

Специјалистите имаат посебен термин – текст(инг) врат.

Од една страна, опасноста се јавува кога разговарате држејќи го смартфонот притиснат на увото со рамото, притоа напрегајќи ги сите мускули во тој предел на вратот. Од друга страна, опасноста е голема и кога зјапате во смартфонот на „стандардниот“ начин, особено на подолг период. Под текст врат поконкретно се мисли на болките и можните оштетувања кои се јавуваат заради постојано наведнатата глава.

Физичката причина за болката во таков случај е лесно објаснива, иако ретко ја имаме во предвид. Имено, човечката глава тежи до 5 килограми. Кога ќе ја навалите нанапред (од било која причина), обично под агол од 60 степени кога гледате во смартфонот/таблетот/итн. , вратните мускули трпат пет пати поголем товар и оштетување. Заради гравитацијата и изместеното тежиште на главата вон вратот, главата практично ги оптоварува мускулите на вратот и ‘рбетот како да е тешка 25 и повеќе килограми. Како долгорочна последица се јавуваат непријатност во вратот, болка, вкочанетост, ама и главоболки, а со тек на време симптомите можат и да се влошуваат.

Text Neck синдром – графички.

Професорката Маргарета Нордин – претседателка на Eurospine, потсетува дека треба да се прават чести паузи при користењето на мобилните уреди во текот на денот. Во соопштението се советува и редовно вежбање на мускулите на вратот и грбот, заради опуштање на истите.

Професорот Томас Блатерт – секретарот на оваа непрофитна организација, од друга страна, повикува на многу побудно следење на симптомите на текст-врат, бидејќи главно ги погодуваат младите „инаку здрави генерации“.

И еве бонус видео

- Реклама -