Мајмуни тагуваат по „умрено“ роботско бебе-мајмун

За да ја сними својата документарна серија Spy in the Wild, BBC One поставува скриени камери во кукли-роботи што личат на животни, со цел да покажат како изгледа да живееш во дивината од прво лице.

Иако тоа што имаат камери наместо очи од човечки аспект прави овие роботи да изгледаат морничаво, животните често ги прифаќаат како свои. Некогаш тие врски знаат да бидат и доста емотивни, како оваа, кога група Лангур мајмуни го плачеа роботскиот мајмун што падна на земјата и „умре“.

- Реклама -