БОЖИЌЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР 2017 ВО „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“

СПОДЕЛЕТЕ

Утре, (сабота, 14.01.2017 година), во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 10 часот, ќе започне еднодневното меѓународно шаховско натпреварување, по повод големиот христијански празник Божиќ.

Во организација на Општина Карпош и ШК „Гамбит Асеко СЕЕ“ на шестиот по ред Божиќен шаховски турнир, до сега се пријавени 175 шахисти, кои најголемиот дел од нив доаѓаат од Косово, Србија, Бугарија и Македонија.

Турнирот ќе се рејтингува и ќе се игра по Швајцарски систем на натпреварување во 9 кола, по правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Се применува членот А.4 од Правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Турнирот ќе го судат Интернационалниот судија Иван Кочовски – главен судија и Сашко Лакински, помошник судија.Темпото на игра ќе биде 15 минути по играч со 5 секунди додавање за секој одигран потег, почнувајќи од првиот.

Наградниот фонд на турнирот од 75.000 денари е распределен на следните награди:
1) 15.000 денари
2) 12.000 денари
3) 9.000 денари
4) 7.000 денари
5) 6.000 денари
6) 5.000 денари
7) 4.000 денари
8) 3.000 денари
9) 2.000 денари
10) 2.000 денари

Секој заинтересиран играч за турнирот има можност да се пријави сé до 14.01.2017 до 9.30 часот.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ