30 минути на најпрометниот аеродром во светот (2 мин. тајмлапс видео)

СПОДЕЛЕТЕ

Лондонскиот Хитроу е најпрометниот аеродром во светот. Според Википедија, произволните податоци за 2016-та година, собрани од повеќе релевантни извори, велат дека лани низ Хитроу минале 75.676.223 патници. Во 2015-та, низ Хитроу минале безмалку 10 милиони патници повеќе отколку вториот најпрометен аеродром – Шарл де Гол во Париз.

Видеово покажува 30 минути од едно обично секојдневие на полетувањата од пистата 27R на Хитроу, сето тоа собрано во 2 минути тајмлапс видео. На крајот ќе го видите и полетувањето на Ербасот А380 на Бритиш Ервејс – најголемиот патнички авион.

- Реклама -