Мароко – првата муслиманска држава што ја забранува бурката?

СПОДЕЛЕТЕ

Мароканските медиуми јавуваат дека Мароко со закон ја забранува продажбата и производството на бурки.

Иако властите сé уште не издале службено соопштение, медиумите пренесуваат дека сите произведувачи на бурки во државата добиле писмено известување во кое им се забранува секакво идно производство и продажба. Писмено известување испрати и Министерството за внатрешни работи, до своите вработени и одговорните лица за трговијата во градовите, во кое им се наредува отсега па натаму да ги казнуваат продавачите и произведувачите кои нема да ја почитуваат забраната.

Забраната се однесува само на бурките кои потполно го прекриваат лицето, и тоа од безбедносни причини, бидејќи често ја користат криминалци.

Мароканките и онака не се по бурките, туку воглавно носат никаб. Воопшто Мароко, иако е земја со муслиманско мнозинство, за разлика од другите муслимански земји не ја смета бурката за своја, па забраната не само што не им паѓа тешко на Мароканците, туку и наиде на позитивен одек.

 

- Реклама -