Пар детали што можеби не сте ги забележале на лентата за мерење

СПОДЕЛЕТЕ

Ако користиш лента за мерење (по дома позната како метро) само повремено, како сите обични смртници, има добри шанси дека или не си ги забележал ситните детали во дизајнот, или си ги забележал ама не си ги размислил и не знаеш зошто се таму.

Ако погледнеме подобро, ќе сфатиме дека тие што ја осмислиле лентата за мерење како што денес ја знаеме, мислеле на сé. На пример, тоа дупчето на металниот дел е за да го закачите метрото за шајче кога немате втор човек да го држи другиот крај на лентата. На истиот тој метален дел има запци за да можете да обележите на површината што ја мерите и без да имате молив или слободна рака. На самата кутија на лентата пишува колку е долга за да ја користите и неа во мерењето. А тоа што металниот дел е разлабавен и мрда на сите ленти за мерење? Не ви паднало чудно? И тоа не е случајно. Ќе видите во видеото.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ