Да се лиже или не: Сладолед во зима

Статистички најмногу сладолед се јаде во земјите каде ни во текот на летото температурите не се баш летни. Зборуваме за скандинавските земји, кои можат да се пофалат со најмногу изедена количина на сладолед по глава на жител годишно.

На фотографијата пак, го гледате фотографот Ед Грахам како купува сладолед од уличен киоск во сибирскиот град Томск, за време на една зимска посета.

Па добро, ова Русиве и Скандинавциве будали ли се?

Да се јаде или да не се јаде

Сладолед може да се јаде во зима. Сладолед е добро да се јаде во зима. Уште подобро е да се јаде во зима после други потешки оброци.

Докторите потсетуваат дека сладолед во зима ниту му штети на грлото, ниту на дишењето, ниту на органите за варење. Дури и го препорачуваат повеќе во зима отколку во лето, токму заради температурната разлика меѓу нашето тело и надворешните услови.

Со својата студеност сладоледот делува и механички, така што ги смалува симптомите на болка во грлото.

- Реклама -