Колку долго треба да скролаш за да стигнеш до крајот на Excel табела?

СПОДЕЛЕТЕ

Хантер Хобс е херој. Херој во смисла на тоа дека е првиот човек што стигна до крајот на табела во Excel, и тоа „пешки“.

За таа цел, се наоружа со течности, храна, ајфон, книги и други реквизити, и се впушти во скролање држејќи ја притисната стрелката ↓ на тастатурата за сето тоа време, без паузи и без мамење со CTRL и други кратенки.

Не дека не му текнало со нешто да го притисне копчето (паметните деца така правеа со Turbo копчето на џојстиците кога им одеше во корист при играње на одредени игри на нинтендо – го лепеа со селотејп), ама целата поента му била да го измери времето потребно за да се стигне до последниот ред во една стандардна Excel табела… И да сними уникатно YouTube видео со надеж дека ќе стане вирално, нели.

И така, по 9 и пол саати „работа“, Хантер стигна до 1.048.576-тиот ред.

 

- Реклама -