Домашна „направи сам“ машина за сечење дрва

Ќе беше убаво да налетаме на ова малку порано, кога се спремаа луѓе за зимава, ама подобро сега отколку ич.

Се работи за прилично проста, ама во суштина многу иновативна машина за сечење дрва, наводно направена некаде во Полска, но ја има во многу варијанти и во многу други делови од планетава (вика YouTube).

Критиките главно се насочени кон тоа дека е небезбедна и дека ако сечилото е малку потапо, целото тркало би можело да излета и да те погоди директно во главата. Но, ако човек малку подобро се загледа, ќе сфати дека дрвото не го сече оној напречен дел кој на прв поглед делува како секира и може да предизвика таква несреќа, туку дека сечилото навлегува во дрвото странично и постепено, притискајќи го кон металниот граничник. Со тоа се елиминира можноста било што да летне и да ве утепа на место.

Еве ја истата машина во друга варијанта, за посликовито.

- Реклама -