15 фудбалери кои се помалку познати од нивните браќа

Стефен Јагиелка беше дел од тимот на Шрузбери во 2003, екипата која спектакуларно го нокаутираше Евертон, тимот кој подоцна го вработи брат му на Стефен, кој денеска е далеку попопуларен од него, Фил Јагиелка.

Дигао, брат му на Кака.

Федерико Игуаин. Неговиот помал брат Гонзало е еден од најскапите фудбалери на денешницата. Федерико пак е познат во некои потесни кругови во Јужна Америка, а хајлајт му беше краткиот престој во турски Бешикташ.

Тобиас Швајнштајгер

Марио Геце и Фабиан Геце слават роденден на ист датум, ама Фабиан е 2 години постар. И двајцата беа дел од надежта на Борусија Дортмунд. Денес игра во Унтерахинг, трета лига Германија.

Мекдоналд Марига Ванјама. Иако на многумина, барем во кај нас, им е познат бидејќи беше дел од тимот на Интер заедно со Горан Пандев, годината кога Интер ја освои Лигата на шампионите, сепак тој е далеку помалку познат од неговиот брат Виктор Ванјама.

Џон Руни, уште на 6 години влегува во академијата на Евертон. Професионално игра во Лига 2 (Англија), па оттаму во Америка, ЊуЈорк Ред Булс и Орландо Сити. Сега е во Врексхем.

Одбранбениот играч на Ст. Етиен, Флорентин му е брат на Пол Погба.

За разлика од брат му кој растураше по Италија, Макс играше во Австралија. Мислам дека не треба ни да му го спомнеме презимето. Плукнат Бобо Виери.

Истата година кога Џон Тери го крена неговиот прв трофеј ПЛ со Челзи, тоа го направи и неговиот постар брат Пол Тери со Јеовил Таун во Лига2

Килиан Азар е третиот од Азаровците. Еден Азар (Челзи), Торган Азар (Менхенгладбах), Килиан Азар (Ујпест, Унгарија)

Жоел Кантона е пензиониран одбранбен играч од Франција и брат е на Ерик Кантона. Играше за Марсеј, па за Стокпорт Каунти. Конечно заиграа во ист дрес неколку години подоцна, но за жал трчаа на песок наместо на трева. Ги бранеа боите на репрезентацијата на Франција во фудбал на плажа.

Микел Алонсо е две години постар од неговиот брат Чаби.

Кристофер Кану, брат на Нванкво Кану.

Вјачеслав Хлеб, има играно цели 45 минути за Белорусија. Има далеку посиромашна кариера од брат му Алаиксандер иако двајцата играа во младинскиот тим на Штудгарт.

 

- Реклама -