Почнување со работа пред 10 часот е модерна тортура

СПОДЕЛЕТЕ

Д-р Пол Кели од универзитетот во Оксфорд, неодамна истакна дека најчестата форма на модерна тортура е всушност да мораш да станеш и да почнеш со работа пред 10 часот наутро – нешто што афектира огромен број луѓе.

Нашите тела функционираат на биолошки тајмери, познати како наш циркадијален ритам. Тоа е часовникот на нашето тело, ако така преферирате, и е генетски пре-програмиран циклус кој ја регулира нашата мозочна активност, нивото на енергија, производството на хормони и перцепцијата на времето. Почнувајќи со работа пред 10 часот секој ден, ние научно потврдено се самоизмачуваме преку неприродно нарушување на нашиот циркадијален ритам, исфрлајќи така многу аспекти од нашето здравје вон баланс.

Кели објаснува:

„Не можеме да ги смениме нашите 24-часовни ритми. Не можеш да научиш да стануваш во одредено време… твојот црн дроб и твоето срце имаат различни шеми на работа, а ти бараш од нив да ги поместат за 2 или 3 часа“.

Како стигнавме до овде? 

Воведен во раниот 20-ти век, 8-часовниот работен ден беше дизајниран со цел максимизација на 24/7-часовното фабричко производство, игнорирајќи го биолошкиот часовник на човечкото тело. А биолошкиот часовник на нашето тело има еволуирано и се оформил и се базира на дневниот циклус на сончевата светлина, а не на нашите модерни трговски и бизнис стратегии.

Пол Кели, говорејќи на Британскиот фестивал на наука, рече дека нашето општество е „лишено од сон“ и дека тоа е „интернационален проблем. Сите страдаат, а не мораат“.

Неговиот предлог беше да се помести времето на почеток на училишните часови во Британија, од 8.30 на 10 часот наутро. Откако на извесен период ја тестираше идејата во едно британско училиште, и откако изврши и дополнителни тестови, Кели „го откри“ токму тоа што го очекуваше; Од една страна се намали отсуството од часови, а од друга – се зголеми општата продуктивност на училиштето. Уште поважно, оценките на учениците драстично се подобрија.

Кели смета дека ако ја имплементираме оваа идеја во другите сектори на општеството, ќе следат многу придобивки. Наместо преморени, преработени зомбија „наклукани“ со кафе во часовите од денот кои би требало да ги преспијат, би имале природно продуктивно, зрело општество фокусирано на корисни и среќни луѓе. Компаниите кои ги приморуваат нивните работници да почнуваат со работа пред 10 часот всушност придонесуваат за сериозниот емотивен и физички стрес кај нивните вработени, и со тоа поттикнуваат долгорочни последици врз здравјето како резултат на овие строги и нездрави работни пракси. Овие пракси се веројатно една од најголемите причини што просечен човек во денешно време пие повеќе од 3 кафиња дневно за да остане доволно буден и свесен преку целиот ден. Преведено во бројки, во САД, тоа се 40 милијарди долари годишно потрошени на кафе.

- Реклама -