Стотици Руси во Москва возеа точак на -27°C

СПОДЕЛЕТЕ

Стотици Московјани учествуваа вчера (8 јануари) во промотивното возење точак низ главниот град на Русија, иако температурата беше -27° Целзиусови. 

Околу петстотина велосипедисти – од кои повеќето опремени со нестандардна велосипедска, ама стандардна опрема за поларни температури, како крзнени капи и други додатоци – возеа осум километри долж реката Москва.

Ова е втора година по ред да се вози промотивна рута од одреден станбен кварт во Москва до Кремљ и назад, а целта е да се демонстрира дека велосипедите можат да бидат превозно средство преку целата година.

А популарноста на велосипедите во Москва во последните години е порасната, а и градските власти ги подобрија велосипедските патеки во обид да понудат алтернатива за огромните сообраќајни метежи кои се препознатлив симбол на руската престолнина.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ