Децата на Стив Џобс немаа смартфони

СПОДЕЛЕТЕ

Дали Стив Џобс навистина е херој како што сите го величаа откако умре – не се занимаваме, ама едно е сигурно, го смени светот. Му даде iPod, iPad и iPhone. Со тоа „го натера“ светот да зјапа во екран во голем дел од денот, но истовремено му даде и неизмерно корисна алатка во многу други аспекти. Ставено на вага, кое победува?

Едно е сигурно, додека светот уживаше во придобивките од производите на Apple, ќерките на Стив Џобс ги немаа ни допрено. Кога првиот iPad завладеа на пазарот, најмладите ќерки на Стив Џобс – Ерин и Ева, имаа 12 и 15 години.

Во 2010 година, репортерот Ник Билтон од New York Times му поставува обично прашање, претпоставувајќи дека го знае одговорот:

„Па, твоите деца мора да го обожаваат новиот iPad, нели?“

Одговорот го запрепастува:

„Тие никогаш го немаат користено. Ние дома ограничуваме колку пристап имаат децата до технологијата“

И не е само Стив Џобс. Во Силиконската долина всушност е тренд извршните директори и технолошки магнати, како и инженерите, да ги заштитуваат своите деца од технологијата. Тие дури и ги праќаат децата да им учат во школи во кои буквални никаде нема компјутери, затоа што се фокусираат на „рачно“ учење.

The Times, на пример, во една прилика го цитираше Крис Андерсон – извршниот директор на 3D Robotics и татко на пет деца. Крис објасни зошто тие што работат со технологија ги чуваат своите деца подалеку од истата:

„Моите деца нé обвинуваат мене и сопругата дека сме фашисти и дека сме прекумерно загрижени околу технологијата, и велат дека никој од нивните другари не се соочуваат со истите правила… А тоа е така затоа што ние ги гледаме опасностите од технологијата од прва рака. Сум го видел истото и кај себе, не сакам да им се случи на моите деца“. 

Ако судиме по нашата моментална зависност од нашите iPhone-и и останатата технологија, јасно е дека ги насочуваме децата кон некомплетни, хендикепирани животи лишени од имагинација, креативност и чудење/љубопитност, кога ги „закачуваме“ на технологија уште од мала возраст. Ние бевме последната генерација што играше надвор баш затоа што немавме смартфони и лаптопи. Учевме од движење, интеракција преку рацете, и апсорбиравме информација преку книги и социјализација и дружење со други човечки суштества, наместо со Google Search.

Учењето преку различни начини ни помогна да станеме поизградени индивидуи, па, треба ли да сме загрижени ако ги лишиме нашите деца од Snapchat или Candy Crush по цел ден ако не им дадеме смартфон? Или треба да сме повеќе загрижени што ги лишуваме од поздрав, помалку зависен развој? Мислам дека Стив Џобс беше на правата страна во однос на неговите деца.

Затоа, во иднина кога ќе размислувате како ќе ги воспитувате вашите деца, разгледајте ја опцијата да не им ја дадете таа што и да е фенси направа што ќе ја имате кога тие ќе растат. Играјте со нив надвор и опкружете ги со природа; може ќе ве мразат, но ќе ви бидат апсолутно благодарни подоцна. Тоа го знам затоа што и ние што подоцна почнавме со технологија, а сме виселе и по цели денови надвор како деца, сега кога сме постари почнуваме да сфаќаме колку многу нé чинела технологијата во меѓувреме.

- Реклама -