Кина со 56% раст во продажбата на електрични возила

СПОДЕЛЕТЕ

Во ноември продажбата на електрични возила во Кина се зголеми за импресивни 56%, во споредба со истиот месец во 2015 и достигна ниво од речиси 43.500 единици.

Пазарниот удел на електрични возила во земјата е на ниво од 1,4% во 2016, додека според информации на агенција TACC, во Европа тој е 1.2%, а во САД 1,1%. Во оваа календарска година во Кина се очекува да бидат регистрирани над 350.000 електрични возила, а вкупниот број на улиците да ја премине границата од 650.000 единици. Во Европа показателот е 630.000, а во САД – 560.000.

Од ТАСС коментираат дека во Кина има 70 различни модели автомобили со електричен погон, кои нудат автономија од 150 до 260 километри. Дури 95% проценти од пазарот на електрични автомобили во земјата ги задоволуваат локалните производители, а три од преостанатите се од моделите на Tesla.

Автоплус

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ