Кои автомобилски брендови имаат најверни клиенти?

СПОДЕЛЕТЕ

Авторитативното издание Consumer Reports подгови уште едно рангирање за задоволството на возачите во САД од нивните автомобили. Во истражувањето учествувале повеќе од 300.000 луѓе, чии автомобили се произведени во последните три години.

Сите анкетирани требало да одговорат на прашањето дали повторно би избрале автомобил од иста марка, а од количеството на одговори „да“ се подготвува рејтингот за задоволството. На крајот на првото место е  Tesla, поради тоа што 91% од сопствениците дале позитивен одговор. На табелата следат Porsche (84%), Audi (77%) и Subaru (76%), што општо земено го повторува и редоследот на листата од минатата година, кога водечката четворка беше иста.

Во првите 10 место најдоа уште Toyota, Honda, Mazda, Chrysler, Chevrolet и Lexus. Весникот посочува дека најголема придвижување напред на листата покажува Lincoln, од 21-то на 12-то место, и Hyundai – од 24-то на 13-то место. Експертите го објаснуваат ова со промената на дизајнерскиот стил и појавата на нови модели во овие две марки. Во листата соодветно се рангираат и аутсајдерите, чии клиенти се помалку склони да купат нов автомобил од иста марка. На последните места се Jeep, Acura, Infiniti, Nissan и Fiat, а најнизок е резултатот на Италијанците – 53%.

Автоплус

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ