Фотошоп финта за отстранување на објекти и луѓе од фотографии, за почетници

Да речеме одиш на некоја туристичка локација и сакаш да ја сликаш, ама има многу луѓе и ти го попречуваат видикот. Има чаре, и тоа со проста финта на Фотошоп што е погодна и за почетници.

Чекорите се следниве:

1. Прво, пред да фотографираш, постави ја камерата на статив

2. Фотографирај на интервали од отприлика 10 секунди, додека не собереш 15-тина фотографии.

3. Отвори ги сите слики во Фотошоп одеднаш, преку File > Scripts > Statistics. Одбери „median“ и селектирај ги фотографиите што си ги сликал.

4. Гледај како Фотошоп сам наоѓа што е различното на фотографиите и просто како грав го отстранува.

Да е жив и здрав Reddit.

- Реклама -