Портабл грамофон за „хај-тек“ хипстери

Настрана хипстерите, грамофонски плочи се продаваат и ден денес, а многумина сметаат дека автентичниот звук што го даваат не може да биде надминат од модерната технологија. Ама во вака активен свет, седењето прикован во близина на грамофон и слушање музика на плочи е луксуз кои многумина го немаат. Затоа, на Кикстартер е во тек проект за фундирање на RokBlok – метод на свирење на плочи со обратен концепт: не се врти плочата, туку плеерот.

Но, да бидеме искрени и да ја кажеме целата приказна. Иако и во видеото на Insider се вели дека RokBlok е измислен од Логан Рајли, факт е дека Рајли само ја украл, или еве – „ја позајмил“ идејата од Јапонија од пред едно 50 години. Зборуваме за „плеер“ на плочи од 1970-тите во форма на прочуеното VW комбе, попознат како Soundwagon. Единствената разлика меѓу него и RokBlok е што овој вториов има форма на звучник (што впрочем и е) наместо на количка, и што има опција преку bluetooth да го поврзете со поквалитетен безжичен звучник. Другото е горе-доле исто; дури и копчето за уклучување на RokBlok е исто како кај Soundwagon – со кревање на антената.

- Реклама -