Далеку од погледите, во ресторанските кујни

Дали лебот што не сте го изеле им се дава на другите гости? Се одмаздува ли готвачот на непристојните гости со „посебни зачини“ (како плунка) во нивната чинија?

Во анонимна анкета, готвачите откриваат што точно и колку често се случува зад ресторанските „кулиси“. Резултатите се вакви:

• 60% од готвачите се нервираат кога пребирливите гости им го менуваат рецептот и бараат тиквички наместо брокула или некакви други замени.

• Секој четврти готвач ќе ги послужи гостите со нешто што му паднало на подот. Дури три четвртини од готвачите имаат видено бубашваба во ресторантската кујна.

• Лоши вести и за вегетаријанците. 15% од прашаните готвачи признаваат дека вегетаријанските оброци не секогаш се без месо.

• Кога се гости во друг ресторан, готвачите избегнуваат да нарачуваат тестенини и јадења со пилешко, бидејќи сметаат дека таа опција во менито е преценета и најнеинтересна.

• 3% од готвачите признаваат дека неизедениот леб од една маса завршува на друга маса.

• 13% од готвачите ги имаат видено своите колеги како скришно „го зачинуваат“ оброкот на непристојните гости.

 

- Реклама -